КОКОДА ОНЛИНЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
1.Општи податоци
Почитувани потрошувачи,
Ве замолуваме вниматлено да ја прочитате Политиката за приватност пред
да започнете со купување на платформата www.kokoda.mk . При купување на
интернет платформата www.kokoda.mk , согласни сте со Политиката за приватност
и потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале условите под кои се обработуваат
вашите лични податоци и со тоа ја прифаќате оваа Политика за приватност.
Друштвото за производство, трговија и услуги КОКОДА ОНЛИНЕ ДООЕЛ увоз-
извоз Скопје со седиште на ул Бихаќка бр.3-1/19, 1000 Скопје, со e-mail адреса
support@kokoda.mk , кое е заведено во регистарот на деловни субјекти на
14.06.2024година со матичен број на субјектот 7767013 и ЕДБ 4058024548611 ја
почитува и заштитува физичката приватност на секое лице корисник на нашата
платформа чии податоци ги собира и обработува.
На платформата www.kokoda.mk собирањето и обработката на личните податоци се
врши во согласност со Законот за заштита на лични податоци ( Службен весник на
Република Северна Македонија бр. 42/20 и 294/21)
https://www.slvesnik.com.mk/Issues/606043d405e847ee92c7eaed5c8bd389.pdf и
https://www.slvesnik.com.mk/Issues/347ca6fd31344c17b804dab7b326c226.pdf
https://www.slvesnik.com.mk/Issues/347ca6fd31344c17b804dab7b326c226.pdf
Посветени на заштитата на Вашата приватност и заштита на податоците кои ги
собираме при користење на нашата интернет платформа ја усвоивме и објавуваме
оваа Политика за приватност, во која се дефинира кои лични податоци ги собираме,
на кој начин, за каква цел ги обработуваме, како ги заштитуваме, кој период ги
чуваме и кои се Вашите права во однос на Вашите лични податоци. Во однос на
предходно наведеното, Политиката на приватност ги опишува нашите практики на
собирање на лични податоци, независно дали ги прибираме директно од вас, од
страна на трети лица, за време на Вашата посета на нашата интернет платформа,
преку писмена или усна комуникација со Вас или од други извори. Доколку имате
дополнителни прашање во однос на заштитата на вашите лични податоци слободно
контактирајете не во секое време на нашата емаил адресеа support@kokoda.mk
Сите основни поими и лични податоци кои се обработуваат на нашата интернет
платформа се во согласност со законот за лични податоци, исто така и принципите
на обработка на лични податоци се засноваат на законот за лични податоци.
https://www.slvesnik.com.mk/Issues/606043d405e847ee92c7eaed5c8bd389.pdf
https://www.slvesnik.com.mk/Issues/606043d405e847ee92c7eaed5c8bd389.pdf
2. Личните податоци што www.kokoda.mk ги собира и обработува во ваше име
Лични податоци кои што ги собираме, обработуваме и складираме се: Име и
презиме, пол, адреса на живеење/ адреса за испорака на производите и достава на
фактури (улица и број, поштенски број и место), адреса од која се подига
производот (во случај на враќање на поризвод), Датум и место на раѓање, е-маил
адреса, број на мобилен/фиксен телефонски број, број на тековна сметка (во случај
на враќање на производ, кога се врши поврат на сретства на тековна сметка,
гласовни снимки кога се зборува со нашите вработени и други лични податоци
наведени во Политката за колачиња достапни на Платформата www.kokoda.mk
3. Начин на кои ги прибираме личните податоци
Личните податоци ги прибираме директно од вас, како сопственик на
вашите лични податоци или од други лица.
3.1 Директно прибирање на Вашите лични податоци
а. При купување на производи.
При склучување на договор за купопродажба на производи со трговец или со нас,
исто така и за потребите на склучувањето и извршувањето на договорот
(вклучувајќи испорака на производи, испорака на спецификации за нарачка,
потврда за купени производи како и останати документи поврзани со договорот за
купопродажба), испорака на информации и известувања дека пратката на
производите е подготвена за испраќање, односно подигнување на одредена
локација/адреса, достава на гарантен лист и останати дополнителни информации
вклучени во процесот на купување на нашата интернет платформа, должни сте да
ни ги доставите следниве лични податоци кои ги внесувате при купување на
производ (име и презиме, пол, адреса на живеење/адреса на испорака на стоката,
улица, број на куќа, број на стан, град, поштенски број, број на мобилен телефон,
број на фиксен телефон и емаил адреса).
www.kokoda.mk е платфома како посредник во договорните односи помеѓу вас и
трговецот, препраќаме лични податоци до трговецот (име и презиме, адреса за
испорака на производот мобилен или фиксен телефонски број и во одредени случаи
ја откриваме на трговецот и Вашата е-маил адреса доколку е потребна
понатамошна комуникација за остварување на правата на потрошувачот во
постапкана за приговор и сл., и на овој начин посредуваме во склучувањето и
реализација на договорот за купопордажба на производи помеѓу Вас и конкретниот
трговец. Исто така, одредени лични податоци (име, презиме, пол, адреса на
живеење) откриваме на Банката (всушност давател на платежни услуги кој врз
основа на договор со нашата интерент платформа обезбедува услуги во процесот на
плаќање и реализација на платежни трансакции) заради реализација на платежни
транскации како и во одредени случаи поврат на сретства на потрошувачот. Во
однос на погоре наведеното, со прифаќање на оваа Политика за приватност, Вие
како потрошувач се согласувате дека наведените лични податоци ќе бидат
доставени до Банката, која може да обработува лични податоци исклучиво само
заради исполнување на законските и други прописи, особено оние кои ја
регулираат дејноста на даватели на платежни услуги, што вклучува обврска за
известување до државни органи, проверка на клиентите од аспект на спречување на
перење на пари и финансирање тероризам и управување со ризик. Понатаму, на
курирските служби им откриваме исто така одредени лични податоци (име и
презиме, адреса за испрака/доства на производ, мобилен/фиксен телефонски број)
податоци кои се неопходни за целосна реализација склучениот договор за
купопродажба на производи и остварување на Вашите законски права (право на
повлекување од договор и враќање на производ, остварување на права врз основа
на прифатен приговор и сл.)
Во одредени случаии каде што сакате производот да биде испорачан на адреса
различна од Вашата ве замолуваме да ни ги доставите следните лични податоци на
лицето на кое му се доставува производот (име и презиме, адреса, ул. број на куќа,
број на стан, град, поштенски број, број на мобилен/фиксен телефон)
Одлуката за ова е секако Ваша и во тој случај ќе сметаме дека постои Ваша
согласност. Наведените лични податоци ќе бидат складирани за наведената цел
додека не ја отповитакте согласноста и во секој случај ќе бидат избришани по пет
години од Вашата последна активност на нашата интернет платформа или мобилна
апликација. Земајки во предвид за да се реализира купопродажниот договор со Вас
должни сме да доствиме дел од личните податоци на нашиот деловен партнер, но
во секој случај нашиот деловен партнер не семее да ги користи Вашите лични
податоци да други цели.
Во ситуации да не ги наведете личните податоци нема да да можеме да го
реализираме склучувањето и ивршувањето на договорот на купопродажба на
производи со трговецот, договор кој вклучува издавање потребна документација
согласно позитивните прописи во областа на готовинските плаќања, а во однос на
извршениот промет на стоки и услуги. Намената заради која ги обработуваме
погоре наведените лични податоци е продажба и посредување при склучување и
извршување на договор за купопродажба на производи од нас и со трговец.
Личните податоци се чуваат во нашата дата база пет години од Вашата последна
активност на нашата платформа, како и издадената документација согласно
позитивните прописи во областа на готовински плаќања а во однос на извршениот
промет на стоки и слуги кои може да ги содржат Вашите лични податоци. Вашите
лични податоци се чуваат и во базата на податоци на трговецот, банката и
курирската служба со согласност со нивните политики за приватност.
Имајте во предвид дека бројот на платежната картичка и бројот CVV2 или
CVC не се обработуваат од страна на www.kokoda.mk
б. При регистрација на ваша сметка на нашата платформа или мобилна
апликација
Во ситуации да имате намера да соработувате со нас преку регистрација на Ваша
сметка на нашата платформа или мобилна апликација, можете да го започнете
процесот на регистрација и да креирате Ваша сметка, за која намера потребно е да
пополните форма за регистрација која е достапна на нашата платформа и личните
податоци кои ги обработуваме во тој случај се: име и презиме, пол, емаил, адреса и
број на мобилен телефон, и секако доколку изберете опција за внесување и
зачувување на лични податоци кои се неопходни за реализирање на договор за
купување на поизвод вашите лични податоци ќе се собираат и обработуваат
согласно точка а од овој дел од политиката за приватност.
Личните податоци кои треба да откирете за намерата за регистрација на нашата
платформа или мобилна апликација се неопходни и ние ќе ги користитме
исклучиво за да регистриаме ваша сметка и да воспоставиме комуникација заради
регистрирање на истата, исто така Вашата е-маил адреса можеме да ја користиме и
за директен маркетинг доколку ни го дозволите истото, односно имаме изречна
согласност од Вас за тоа. Имајќи го во предвид горенаведеното, не сте обрзани да
ни дозволите да ја користиме Вашата е-маил адреса за директен маркетинг но
истата ќе биде искористена за регистрација на сметка на нашата интернет
платформа.
Опционален личен податок е и датум на раѓање, доколку ни откриете таква
информација истиот ќе биде искористен за директен маркетинг. Во секој случај,
формата за регистрација содржи известување кои лични податоци се неопходни а
кои лични податоци можете сами да ги откриете или кои се опционални. Во
ситуации кога нема да ни ги откриете неопходни лични податоци нема да можеме
да регистриаме Ваша сметка на нашата платфома. Личнитие податоци кои ги
обработуваме и собираме се само за да регистрираме Ваша сметка на нашата
платфома или мобилната апликација и да обезбедиме соодветана помош при
користење на истата. Опционалните лични податоци ќе бидат собирани и
обработувани за директен маркетинг за остварување на подобра комуникација со
Вас и подобра услуга. Потребните лични податоци се чуваат во нашата дата база
две години од Вашата последна активност на Вашата сметка додека Вашите лични
податоци додека не ја отповикате Вашата согласност или тие се бришата по пет
години од Вашата последна активност на Вашата сметка.
в. При остварување на вашите законски права ( права на повлекување
од договор и враќање на стока или услуга, права на поднесување приговори,
права на откажување на нарачка итн.)
Согласно Закон за облигационите односи и Закон за заштита на потрошувачите, во
случаи на склучување на договор за продажба на производи со трговец, имате
различни законски права, како право за откажување од договор, право на
поднесување приговор и слично, во таа насока и со цел да ги остварите Вашите
права Ве информираме дека го добивме Вашето барање за остварување на Вашите
законски права, без разлика дали сте ја регистрирале Вашата сметка на нашата
платформа или не, треба да ги откриеме Вашите лични податоци (име и презиме,
пол , тел. Број, адреса на живеењ или адреса од која се подигнува производот,
емаил адреса како и вашата тековна сметка). Во случај ќе му го откриеме Вашиот
број на тековна сметка на трговецот поради враќање на средства како и Ваше име,
презиме и адреса.
Погоре наведените лични податоци што ни ги откривате поради остварување на
Вашите законски права ќе му бидат откирени на трговецот со цел да постапи во
Вашето барање. Причината поради која ги обработуваме горенаведените Лични
податоци е да овозможиме остварување на Вашите законски права (право да се
повлечес од договор, право да поднесеш жалба итн.) и да ве известиме дека го
примивме Вашето барање поврзано со остварување на Вашите законски права, што
често вклучува враќање на производот, односно поврат на уплатените сретства.
Во случај доколку не ни ги наведете бараните лични податоци, нема да можеме да
Ви овозможиме да ги остварите Вашите законски права.
Исто така со цел да ги остварите Вашите законски права ( повлекување од договор
и враќање на производот), ние откриваме одредени лични податоци на курирските
служби (име и презиме, адреса за испорака на производи, тел. број. Наведените
лични податоци се чуваат во нашата база на податоци две години од остварување
на Вашето законско право.
г. При пријавување за директен маркетинг (по пат на емаил или по
патн на тел. пораки како што се СМС пораките, пораки на ватсап и вибер)
Кога се регистрирате за директен маркетинг во делот Промоции, ни давате
согласност да ја собереме и обработиме Вашата е-маил адреса како и тел. број за
цели на испраќање на промоции, новости или промотивен код, кои ќе можете да ги
користите при купување на нашата платформа или мобилна апликација и за
периодот на важност на промоцијата.
Целта на обработка на горенаведените лични податоци е директен маркетинг и
исите ќе бидат чувани во нашата база и обработувани се додека не ја отповикате
вашата согласност или најдолго пет години од Вашата последна активност на
нашата платформа или мобилна апликација. Вашата согласност можете да ја
отповикате во секое време преку Вашата емаил адреса.
д. При контактирање со нашите вработени преку тел. или на
социјалните мрежи
Во ситуација кога контактирате со нашите вработени со цел да ви биде олеснето
пазарењето на нашата платформа Вашите лични податоци ќе бидат искористени
само за намена за подобрување и поеднставување на Вашата употреба на нашата
платформа, со цел за одговарање на прашања повризани по производите на нашата
платфомра, за проверка на статус на пратка, за одложување на рок за испорака или
со цел за остварување на Вашите законски права како потрошувач.
ѓ. При регистрирање на сметка на трговец на нашата платфомра (од
Вас лично или од нашите вработени.
Кога имате намера да соработувате со нашата платформа и да ги пласирате Вашите
производи на нашата платформа треба да регистрирате сметка, за таа намера
неопходно е да се пополни формулар за регистрација на трговец кој е достапен на
нашата платформа по името – Стани Продавач
Иако што, само правни лица или претприемачи како трговци може да се
регистрираат на нашата платформа, податоците од лица за контак или застапници
по закон ги обработуваме поради регистрација на продавницата, одностно
воспоставување на соработка и остварање на комуникација. За таа намена личните
податоци на лицата за контакт или застапници по закон кои ги обработуваме се име
и презиме, пол, назив на позиција, емаил адреса и број тел. број за контакт.
Доколку не ги откириете или наведете потребните лични податоци нема да бидеме
во можност да ја регистрираме Вашата сметка или продавница и воспоставување на
соработка со нашата платформа. Затоа, правен основ за обработка на наведените
лични податоци е остварување на договор за посредување помеѓу Вас како трговец
и нашата платформа. Прибирањето на Вашите лични податоци лице за
контакт/застапник по закон на трговец се во согласност со договорот за
посредување склучен помеѓу Вас и нашата платформа ќе бидат искористени само
за таа намена и истите ќе бидат чувани во нашата база две години од последната
Ваша активност како трговец по што ќе бидат избришани.
е. При ваша посета на нашата платфрма.
При Ваша посета на нашата платфома во одредени ситуации ги собираме и
обработуваме Вашите лични податоци преку колачиња, но исто така има и
колачиња кои не ги собираат вашите лични податоци. Повеќе информациии за
погоре наведеното посетете ја нашата политика за колачиња
3.2. Лични податоци доставени од други лица
Во ситуации кога можете да ни дадете лични податоци од трети лица на пример за
испрака на купени проиводи на адреса за живеење на трето лице во тој случај ќе
сметаме дека Вие сте овласетни или имате согласност од третото лице за
откривање на нивните лични податоци и во таа ситуација нема да сносиме никаква
одговорност за обработка на личните податоци на третот лице.
3.2.а При најава на социјални мрежи
Во ситуација да ги откриете Вашите на facebook или google, во согласност со
условите за користење и политиките за приватност од страна на трети лица и тие
лица да ги пренесат Вашите лични податоци во структуирана, вообичаено
користена и електронски читлива форма на нас т.е. www.kokoda.mk Затоа што тој
пренос е направен од страна на трети лица, во согласност со нивните услови на
користење и политики за приватност ќе сметаме дека сте дале согласност на тие
лица да ни ги пренесат Вашите лични податоци. Така да ние нема да бидеме
одговорни за обработка на личните податоци што ни се пренесени од страна на
трети лица (facebook, google), понатаму од моментот кога ќе ги добиеме Вашите
податоци од тие лица ние ќе се сметаме за контролор и ние сме единствено
одговорни за обработка на истите. Целта за која ги прибираме личните податоците
од тие лица е за да ја регистрираме Вашата сметка на нашата платформа и истите
ќе бидат чувани и обрабоутвани во нашата база на податоци додека Вие не ја
отповикате согласноста или по пет години од Вашата последна активност на
Вашата сметка.
4. Цел за собирање и обработка на лични податоци.
Целта за која ги прибираме личните е исклучива за склучување и
извршување на договори за купопродажба на производи, извршување на платежни
трансакции, почитување на законските обврски на правното лице односно заради
остварување на вашите законски права како потрошувач(право на повлекување од
договор, право на приговор, право на откажување на нарачка итн.),регистрација на
ваша сметка на нашата платформа, одговарање на Вашите прашања и барања,
подобрување на функционирање на нашата платформа и наша услуга, испраќање
известување за промоциии, регистрација на продавница на трговец, е-маил и тел.
комуникација со правното лице по регистрација на продавницата исто така и други
цели дефинирани во Политиката за колачиња.
5. Правна основа за обработка на лични податоци
Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со закон и врз
основа на различни основи пропишани со закон.
Ваша согласност
Вашите лични податоци добиени врз основа на Ваша согласност ги обработуваме и
чуваме во наша дата база на податоци додека постои Ваша согласност всушност
додека вие самите на ја отповикате. Вашата согласност за обработка, собирање и
употреба на Вашите лични податоци може да ја отповикате во секое време со
отповикување на согласноста на емаилот што го имате добиено од нас како и со
електронско барање на support@kokoda.mk
Извршување на договорните обврски
Нашата платформа ги собира Вашите лични податоци кои се неопходни за
склучување и извршување на договор за продажба помеѓу Вас и трговецот и
исполнување на преддоговроните обврски со случај каде што имаме основа за
собирање обработка и складирање на Вашите лични податоци.
Исполнување на законски обврски согласно одредбите од Законот за заштита на
потрошувачите и Законот за облигационите односи
Обработката на Вашите лични податоци која е неопходна за исполнување на
законските обврски на нашата платформа и трговците со кои соработуваме, а кои
обврски се дефинирани со различни закони, се врши врз релавантна правна основа
(пр.Закон за заштита на потрошувачите)
6. Обработувачи и трети лица
Нашата платформа ги открива Вашите личните податоци на одредени
обработувачи и трети лица кои се наши соработници, вработени, даватели на
услуги, трговците чии производи сте ги купиле на нашата платформа, маркетинг
компании, компании за комуникациски услуги или компании за истражување на
пазарот или задовлство на клиентите, даватели на ИТ услуги или државни органи,
кои се должни личните податоци да ги користат исклучиво за целта за која истите
им се откриени, односно заради извршување на ускугите и задачите заради кои се
ангажирани (во спротивно ако ги користат за други цели ќе се сметаат за независни
контролори).
Вашите лични податоци нема да бидат достапни на други обработувачи, односно
трети лица, освен во случаите наведени во оваа политика за приватност.
7. Период на чување на личните податоци
Информациите и податоците кои што нашата платформа ги собира врз
основа на закон како правен основ е должно да ги чува онолку долго колку што е
определено со конкретниот закон или друг позитивен пропис (две години од денот
на остварување на твоите законски права т.е пет години од издавањето на
фактурата).
Податоците кои што ги собираме врз основа договорен однос нашата платформа ќе
ги чува се додека сте наш корисник или пет години од Вашата последна активност
на нашата платформа или се додека Вашата согласност не биде отповикана од
Ваша страна.
8. Права на лица поврзани со обработка на лични податоци.
Освен правата веќе наведени во оваа политика за приватност, како и
останатите права предвидени со закон и други прописи во согласност со законот,
лицето на кое се однсеуваат личните податоци има право да побара информации
дали нашата платформа ги обработува неговите/нејзините лични податоци.
Врз основа на барање на лицето имател на личните информации ќе се потрудиме да
обезбедиме инфорамции за истите во согласност со нашите упатства за целта на
обработка на личните податоци, правната основа и времетраењето на обработката,
името и адреста на обработувачот и неговите активности поврзани со обработката,
околностите и влијанието врз повредата на личните податоци, како и мерките
преземени за нивно остстранување, а во случај на пренос на податоци,
информација за правната основ на поцесот и примачот на истите.
Одговор на вашето барање ќе ви доствиме писмено во најкус можен рок по Вашето
поднесено барање а најдоцна во рок од 15 дена од денот на прием на барањето.
Писмениот одговор ќе биде доставен бесплатно, освен ако барањето е очигледно,
неосновано или претерано а особено ако често се повторува за истото може да
наплатиме административни трошоци за обезбедување на писмениот оговор на
барањето или може да одбиеме да дадеме одговор на истото.
Нашата платфома се обврзува да му обезбеди на лиецето на кое се однесуваат
личните податоци на негово барање копија од личните податоци што ги
обработуваме и за истите да побараме надомест на потребни трошоци за правење
на дополнителни копии што би ги побарал лицето имател на податоците. Во
ситуација барањето за копија да е поднесено по електронски пат инфомациите
најчесто се доставуваат во најчесто користена електронска форма освен доколку
лицето на кое се однесуваат податоците побарало поинакво поднесување.
Доколку лицето корисник на личните податоци побара исправка, дополнување или
бришење на неговите/нејзините лични податоци и право на приговор на
обработката на податоците истото има право да се исправат неговите податоци без
непотребно одлагање. Во однос на целта на обработка, корисникот на личните
податоци има право да ги пополни своите нецелосни лични податоци што вклучува
обезбедување на дополнителна изјава. Корисинкот на личните податоци има право
да побара сопствените лични податоци да бидат избришани од нашата платфома,
истите може да бидат избиршани со опцијата “избриши ја сметката“ на нашата
мобилна апликација или во вашиот профил на нашата платформа и во таа ситуација
Вашите лични податоци ќе бидат избришани веднаш освен оние кои мораме да ги
чуваме одреден временски период поради законски обврски(дефинирано во оваа
политика на приватност) или оние податоци што сите ги откриле кога се
регисрирате за директен маркетинг. Но секако по истекот на законските услови
или по користење на опцијата да не го добиваш нашиот директен маркетинг
вашите лични податоци ќе бидат веднаш избришани.
Нашата платфома се обврзува да ги избрише Вашите лични податоци без
непотребно одложување најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на
барањето во случај кога личните податоци повеќе не се неопходни за да се
постигне целта за која се собрани или обработени на друг начин, доколку лицето ја
отповикало согласноста врз основа на која е извршена обработката а не постои
основ за друга правна основ за обработка, или ако лицето поднело приговор за
обработака, доколку личните податоци се обработени незаконски, во ситуација
личните податоци да мора да се избришат за да се исполнат законски обврски или
личните податоци биле собрани во врска со користење на услугите на
инфрматичнко општество во однос на закон.
Во однос на погоре наведеното исто се обврзуваме да ги информираме сите
примачи на Вашите лични податоци на кои им се откриени за било каква исправка
или дополнување на истие или за бришење на личните податоици и ограничување
на нивната обработка во согласност со законот и да ве информираме на Ваше
барање за сите примачи на Вашите лични податоци.
Лицето имател на личните податоци има право да ги прими личните податоци што
претходно ни ги има доставено во стурктуирана вообичаено користена и
електронски читлива форма и има право да ги пренесе сопствените лични податоци
на друг контролор без мешање од наша страна доколку обработката се заснова на
согласност или врз основа на договор или обработката се врши автоматски.
Нашата платформа има право да ја ограничи обработката на Вашите лични
податоци доколку лицето сопственик на личните податоци ја оспорува точноста на
истите во рок што не ни овозможува да ја провериме точноста на истите, доколку
обработката е незаконска а имателот на личните податоци се противи на бришење
на истите и наместо бришење бара ограничување на користењето на истие лични
податоци или во ситуација кога Вашите лични податоци не ни се потребни за да ја
постигнеме целта на обработка, но лицето сопственик на лични податоци го
побарал тоа заради поднесување остварување на правно барање, или доколку
лицето на кое се однесуваат личните податоци поднело приговор за обработка
согласно член25 став1 од законот, а во тек е проценка дали правниот основ за
обработка од страна на контролорот ги надминува Вашите интереси. Во ситуации
доколку лицето сопственик на личните податоци смета дека тоа е оправдано во
однос на конкретниот случај во кој се наоѓа истото има право да поднесе приговор
за обработка на сопствените лични податоци во било кое време во согласност со
законот. Сопствениконт на личните податоци има право да не се применува врз
него одлука донесена исклучиво врз основа на автоматска обработка, вклучително
и профилирање доколку таа одлука произведува правни последици за тоа лице или
таа одлука значително би влијаела на неговата положба. Доколку имате потреба да
го остварите Вашите права ве замолуваме да испратите емаил со барање на емаил
адреса support@kokoda.mk додека правото на бришење на личните податоци во
случај на користење на нашата платформа со избирање на опцијата Избриши
сметка.
9. Постапка во случај на повреда на Вашите лични податоци
При повреда на Вашите лични податоци која може да предизвика висок
ризик за Вашите права и слободи ние сме должни без непотребно одлагање да ве
известиме како сопственик на личните податоци за повредата што настаналиа и се
во согласност со законот и при истата настаната ситуација да ја известиме
Агенцијата за заштита на личните податоци во најкус можен рок од сознанието за
повредата по електронски пат на incident@privacy.mk или на
https://eprijavi.privacy.mk/ .
Известувањето кое ќе биде доставено до надлежниот огран ќе ги содржи сите
информации согласно законот и релевантните подзаконски акти.
10. Пренос на личи податоци надвор од територијата на Република Северна
Македонија
Нашата платфома без претходно одобрение може да изврши пренос на
Вашите личните податоци во друга земја или меѓународна организација доколку се
утврди дека таа друга земја или меѓународна организација обезбедува соодветно
ниво на заштита, односно има соодветни заштитни мерки за личните податоци
согласно чл. 50 од законот за заштита на лините податоци или пак истата е земја
членка на Европската унија ли Европскиот економски простор. Правните лица на
кои компанијата им пренесува лични податоци користат јавни облак сервери АЊС
лоцирани на територијата на СР Германија и Ирска истите се членки на
Европскиата Унија со што преносот на личните податоци на територија на истите
согласно законот за заштита е непречен.
11. Линкови до Веб-страници и услуги на трети лица
На нашата платформа може да има линкови и веб-локаци на трети страни
(Банка и др.) и имајте во предвид дека ние не сме одговорни за собирање,
користење, одржување, споделување или откривање податоци од трети страни. Во
ситуација кога ќе обезбедите информации на веб-локации на трети страни и ги
користите истие ќе важат политиките и условите на користење на тие веб страни.
Ви препорачуваме вниматено да ги прочитате политиките за приватност на веб-
локациите кои ги посетувате пред да испратите лични информации. Со прифаќање
на нашата спозорирана реклама на facebook или instagram ја прифаќате можноста
податоците за Вашата посета на нашата платформа да бидат обработени од
горенаведените социјални мрежи доколку имаш сметка кај нив, а за да ја избегнете
оваа ситуација Ви посочуваме прво да се одјавите од Вашата сметка на наведените
социјални мрежи и потоа да кликнете на врската на нашата платформа за да ја
посетите нашата платфомра на една од споменатите социјални мрежи.
12. Доверливост на личните податоци и транспарентност
Вашите лични податоци ќе бидат третирани како доверливи информации и
ние ќе се потрудиме да превземеме соодветни неопходни мерки за ги заштитиме
истите во согласност со законот, истите ќе бидат достапни само на лица кои имајќи
го во предвид описот на работата што ја вршат треба да се запознаени со Вашите
лични податоци и само до степен неопходен за извршување на нивната работа.
Оваа политика за приватност е објавена на нашата платформа, доколку подлегне на
промени истите ќе бидат објавени на нашата платформа. Сите прашања во врска со
обработка на вашите лични податоци можете да ги поставите и да не контактирате
24/7 на е-маил support@kokoda.mk